Одбојкарите на Работнички 71&22 ја остварија и петтата победа во тековната сезона во домашната Прва лига, откако во претпоследниот натпревар од 8. коло со максимални 3:0 славеа над екипата на Јанта Волеј. Домашните беа големи фаворити и пред мечот, а со оваа победа само го потврдија својот кандидатски статус за место кое води во плеј-оф зоната.
Вчера беше одигран и првиот меч од новото 9. коло во Првата лига за мажи во кој екипата на ГОК Борец со максималн 3:0 славеше на гостувањето кај Македонија Џио. Останатите дуели од тековното коло се играат викендов.
Прва лига (мажи) / 8. коло
Работнички 71&22 – Јанта волеј 3:0 (25:13, 25:10, 25:14)
Штип УГД – Струмица 47&72 (6-ти декември, 19.00)
Прва лига (мажи) / 9. коло
Македонија Џио – ГОК Борец 0:3 (14:25, 9:25, 19:25)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (21); 2. Лирија (20); 3. Штип УДГ (18); 4. Шкендија (15); 5. Весна Пробиштип (15); 6. Работнички 71&22 (15); 7. Универзитет во Тетово (12); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).