Спалети за ждрепката: Можеше и подобро, но ние сме Италија, не го заборавајте тоа

283

Бранителот на европската круна, репрезентацијата на Италија се падна во тешка група со Шпанија, Хрватска и Албанија. Италија има загрижувачки ефект против Шпанија и Хрватска затоа што ги загуби последните два дуела со Шпанците во полуфиналињата на Лигата на нациите (2021 и 2023), а има само една победа во девет дуели со Хрватска. Рекордот против Албанија е четири победи од четири меча.

Италија го отвара ЕП со Албанија на 15 јуни во Дортмунд, потоа игра со Шпанија на 20 јуни во Гелзенкирхен и на крајот со Хрватска на 24 јуни во Лајпциг.
Можеше и подобро, но не заборавајте, ние сме Италија. Рано е да се прогнозира има уште многу месеци. Албанија се покажа како организиран тим, Хрватска е силна и искусна екипа. Имаат доста топ фудбалери, а познавам дел од нив. Ќе има моменти кога ќе мораме да се браниме, дури и со 10 играчи во поле доколку е потребно, но јас повеќе сакам атрактивен и напаѓачки фудбал. Многу работи ќе зависат од нашата форма за време на турнирот, па затоа мораме добро да ги одработиме подготовките“, изјави Спалети.

ПретходноРаботнички му стана редовен пациент на Феникс (ФОТО)
СледноРеал лесно со Гранада – Диаз и Родриго ги обезбедија бодовите