Осимен најдобар во Серија А, ова се идеалните единаесет за сезоната 2022/23! (ФОТО)

200

Асоцијацијата на професионални фудбалери во Италија ги одбраа најдобрите од Серија А за сезоната 2022/23. Секако дека доминираше Наполи, како шампион на Италија. Па така за најдобар фудбалер беше прогласен Виктор Осимен, додека за најдобар тренер Лучиано Спалети, сегашниот селектор на Италија и екс стратег на Наполи.

Инаку ова е идеалниот тим за 2022/23 година во Серија А:

Мајк Мењон (Милан), Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Ким Мин – Џае (Наполи), Алесандро Бастони (Интер), Тео Ернандез (Милан), Станислав Лоботка (Наполи), Хакан Чалханоглу (Интер), Николо Барела (Интер), Квича Кварацкелија (Наполи), Виктор Осимен (Наполи), Рафаел Леао (Милан).

Image

ПретходноМеси е најдобар спортист за 2023 според “Тајм“, надминувајќи ги Халанд и Ѓоковиќ! (ФОТО)
СледноПеп Гвардиола: Убеден сум дека повторно ќе бидеме шампиони!