Женската младинска ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) го игра последниот меч од групната фаза на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје. Нашите двојки за противник ја имаат селекцијата на Косово, која има една победа и два порази.
Избраничките на Љубомир Савевски во оваа пресметка влегуваат како фаворити, но нема да биде лесно, особено по вчерашниот исцрпувачки меч против Холандија. Имаа водство до 45 минута, а потоа по низата грешки на крајот беа совладани.
Полуфиналето е речиси невозможно поради подобрата гол-разлика на Фарски острови, но останува да се одигра дуелот со Косово, а дури потоа да се прават пресметки.