Роберто де Зерби почнал преговори со раководството на Брајтон за нов договор. Италијанскиот стратег е еден од најценетите тренери во Премиер лигата и не случајно за него веќе постојат низа шпекулации околу иднината.
44-годишниот Де Зерби дојде во Брајтон во септември минатата година и го одведе тимот до највисокиот пласман во клупската историја: шестото место во Премиер лигата.
Брајтон веќе се пласираше во нокаут фазата во Лигата на Европа и и натаму е конкурент за место во ТОП 5 на табелата во Премиерлигата. За негово во Англија се зборува како за потенцијален наследник на Гвардиола на „Етихад“. Неговиот актуелен договор со Брајтон е до средината на 2026 година, а сега че биде продолжен за уште една сезона.