Прв зимски трансфер: Баерн довори играч од тим кој се бори за опстанок

269

Наскоро започнува зимскиот преоден рок, а веќе го имаме првиот голем трансфер. Баерн го донесе Брајан Сарагоса од Гранада, еден од најталентираните играчи во Шпанија, кој импресионираше во еден од најлошите тимови во Ла Лига.

Клубот од Минхен брзо реагираше и потпиша со Сарагоса додека останатите седеа со скрстени раце, а може да се каже дека не потрошија ниту премногу.

Баерн се договори и ќе плати 13 милиони евра за Брајан Сарагоса, а уште два милиони ќе им „дојдат“ по основ на бонуси. Интересно е тоа што Баерн не ја искористи опцијата да ја активира клаузулата од 14 милиони евра во договорот со Сарагоса, но беше подготвен да ги плати дополнителните пари, што резултираше со џентлменски договор. Исто така, Сарагоса до крајот на сезоната ќе игра за Гранада во обид да и помогне да остане во лигата.

Брајан Сарагоса (22) вообичаено игра на позицијата лево крило и оваа сезона постигна пет гола на 14 натпревари, има уште две асистенции, додека лани имаше идентичен учинок за цела сезона во втората лига. Во меѓувреме, тој дебитираше и за Шпанија.

ПретходноУЕФА го демантираше богатиот договор со Емирати
СледноРеал Мадрид ќе му даде рок на Мбапе од 15 дена