Ембид шестипат до 50 поени, Лука со трипл-дабл со 40 поени, пораз на Јокиќ и Денвер (ВИДЕО)

162

Лос Анџелес Клиперс утринава го победи шампионот Денвер со 111:102 и ја прекина серијата од осум порази во меѓусебните натпревари во НБА лигата.

Клиперси до победата ги предводеше Пол Џорџ со 25 поени, а Џејмс Харден додаде 20 поени и 11 асистенции. Кави Ленард и Норман Пауел одиграа исто така одличен меч со по 17 поени.

Во тимот на актуелниот шампион Џамал ​​Мареј постигна 23 поени, а српскиот центар Никола Јокиќ имаше трипл-дабл учинок од 22 поени, 15 скока и 10 асистенции. Ова е прв пораз на Нагетс од Клиперс од 11 јануари 2022 година.

Далас ја победи Јута со 50 кошеви разлика во една од најубедливите победи на франшизата. Мавси славеа со 147:97 предводени од Лука Дончиќ, кој имаше трипл-дабл учинок од 40 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Кошаркарите на Хјустон ја победија Оклахома со 110:101 и ја прекинаа серијата од три порази. Мајами, пак, беше подобар од Торонто со 112:103 и ја постигнаа втората победа во последните шест натпревари. Кејлеб Мартин со 24 поени и 12 скока  беше најефикасен кај домашните.

Нов фантастичен меч имаше и Жоел Ембид, кој со Филаделфија го победи Вашингтон со 131:126. Ембид постигна 50 поени со 13 скока и седум асистенции. Ова е шестипат кога Ембиид постигнува најмалку 50 поени на еден натпревар.

ПретходноМектоминеј го „тресна“ Челзи за голем триумф на Манчестер Јунајтед (видео)
СледноДвојна победа за струмичани во одложените мечеви од 10. коло