Владата на Република Македонија на седница одржана во вторникот го утврди текстот на предлогот за изменување и дополнување на Законот за спорт, истиот е поврзан со ваучер-системот.
Претходната практика ќе биде минато, наместо средствата да ги добиваат од приватни компании на име на ваучер, сега државата ќе биде таа што директно ќе ги дели овие парични средства.
Предлог-законот ќе стапи во сила, откако ќе биде изгласан на Собрание.
„Предлог-измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основа на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и од неолимписки спортови и за други правни субјекти што имаат решение за вршење дејност спорт, кревање на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување подобри резултати во домашни рамки и на меѓународно ниво“, се вели во соопштението на Владата.