Актуелниот бранител на титулата во машка конкуренција, одбојкарскиот клуб Струмица со победа го отвори 10. коло од домашното одбојкарско првенство. Во првиот меч од тековната рунда, струмичани без поголеми проблеми славеа кај екипата на Сушево со 0:3 (21:25, 18:25, 20:25). Како и на повеќето домашни средби, Струмица и на оваа средба шанса им даде и на помладите одбојкари кои низ првенствените средби стекнуваат искуство за во иднина.
Денеска се одигра и првиот меч од 12. коло на Првата лига за жени. Очекувано, шампионот Работнички обезбеди победа на гостувањето против Вардар ЕМ и конечно врза неколку последователни победи со кои се пробива до третото место на табелата. Шампионките славеа со максимален резултат, најавувајќи ги преостанатите дуели од колото кои ќе се одиграат викендов.
Прва лига (мажи), 10-то коло
Сушево – Струмица 0:3 (21:25, 18:25, 20:25)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (30); 2. Штип УДГ (21); 3. Лирија (20); 4. Весна Пробиштип (18); 5. Работнички 71&22 (18); 6. Шкендија (15); 7. Универзитет во Тетово (15); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).
Прва лига (жени), 12-то коло
Вардар ЕМ – Работнички 0:3 (21:25, 19:25, 23:25)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (31); 2. Наковски В. (28); 3. Работнички (23); 4. Јанта Волеј (22); 5. Фит Фан Волеј (13); 6. Младост УДГ (11); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).