Џејмс се искачи на 3. место на вечната листа на поентери во Евролигата

130

Кошаркарот на екипата на Монако, Мајк Џејмс, денеска успеа да се искачи на третото место на вечната листа на најдобри поентери во Евролигата.

На мечот со екипата на Жалгирис, ѕвездата на Монако, стигна до 4153 поени во кариерата во евролигата, со што успеа од третата позиција да го симне Хуан Карлос Наваро, кој има 4152.

Единствените двајца играчи кои се уште остануваат пред Џејмс се Нандо Де Коло (4363) и Василис Спанулис (4455).

ПретходноПоради инцидент на тренинг: Вулверхемптон го отстрани Џони Ото од првиот тим до февруари
СледноРоналдо со гол и асистенција на јубилејниот 1200-ти натпревар (ВИДЕО)