Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека би сакал да работи како селектор на Италија, пренесува „Фудбал Италија“.
„Би сакал еден ден да го предводам италијанскиот национален тим, тоа би било фантастично. Но знам дека сега е во добри раце, Спалети е топ тренер и ќе го напрви тимот уште подобар. Тој е интелегентен и амбициозен“, изјави Анчелоти.
Изминатите месеци се зборуваше дека Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил но од тоа ништо.
„Има интерес, но договорот со Реал ми истекува на 30 јуни 2024 година. До тогаш ништо. Потоа ќе видиме“, изјави Дон Карло.
Искусниот тренер посочи дека тој, Алегри и Мурињо се од постарата генерација и практично се борат со новата генерација.