Шифрин со триумф во Ст.Мориц, нејзин 91. во кариерата

152

Ветеранката Микаела Шифрин триумфираше во спустот во Ст.Мориц, Швајцарија. Оваа победа за Американката е 91. во кариерата и има отворен пат да јуриша на 100-тата во Светскиот куп.
Таа оствари време од 1:28.84, а второто и третото место им припаднаа на Италијанките, Софија Гоџа и Федерика Брињоне. Инаку за Шифрин тоа е четврти успех во спустот по Лејк Луис (2017), Банско (2020) и Куршевел (2022). Исто така ова е нејзина трета победа и петти подиум сезонава после 9 трки.
Сега има 620 поени во генералниот пласман, 195 повеќе од Федерика Брињоне ккоја има шанса да го намали дефицитот на утрешната трка во Супер-џи исто така во Ст.Мориц.

ПретходноФудбалерки обвинија тренер дека ги терал да имаат секс со него за да играат во првиот тим
СледноСамо два тима во Европа ги имаат сите победи