Ѓоковиќ: Не сум пријател со Роџер и Рафа, ама би сакал да бидам!

228

Епска беше таа тројна битка меѓу Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафа Надал. Вистинско уживање за сите фанови на спорот, а посебно на тенисот.

И кога е така, тогаш јасно е дека нема некое големо пријателство меѓу нив.

Тоа го потврди и самиот Новак кој истакна:

Знам дека во текот на нашите кариери и не се сложувавме премногу и затоа можам да кажам дека и не сме пријатели, ама би сакал да бидеме. Знаете, ние сме ривали и тешко да се биде пријател и на теренот и надвор од него со кој си таков ривал како што бевме ние. Од друга страна има респект, барем од моја страна кон нив двајцата. Се надевам дека еден ден кога сите ќе бидеме во пензија ќе седнеме и ќе се изнаприкажеме“.

ПретходноБелингем со провокација кон фановите на Бетис, па доби укор од Ридигер! (ВИДЕО)
СледноИ Весна Пробиштип граби кон плеј-офот