Иако потешко од очекувањата, сепак Атлетико Мадрид успеа да слави дома со 2:1 и тоа против Алмериа во меч од 15.коло во Ла Лига. Мората и Кореа многу рано, уште во 22.минута му донесоа водство на својот тим со 2:0 и се чинеше дека ќе биде лесно за составот на Диего Симеоне. Сепак Лео Баптистао намали на 2:1 во 62.минута и до крајот буквално беше тресење за “јорганџиите“, сепак на крајот славеа и освоија три бода со кои сега се на третото место на табелата.