Трагедија во Ла Лига: Почина навивач во Гранада, натпреварот нема да се доигрува!

574

Како што велат последните информации од Шпанија, мечот меѓу Гранада и Билбао, кој беше прекинат при водство на гостите од 0:1, нема да продолжи, тој е прекинат и за неговата судбина ќе се знае следните денови. Ова доаѓа откако еден навивач на трбините почина од срцев удар.

Лекарите се обиделе да му помогнат, но за жал не успеале. 

Поради оваа трагедија надлежните одлучија овој меч да биде и официјално прекинат.

ПретходноЛеверкузен и натаму без пораз, лидерот до бод кај Штутгарт!
СледноКуп на Македонија: Скопје едвај преживеа против Металург РА