Менацерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека Ерлинг Халанд е надвор од терените поради повреда.
Напаѓачот на „граѓаните“ не се најде во составот за денешниот натпревар со Лутон.
„Тој има повреда на коска на стапалото. Почувствувал болка по последниот натпревар. Ерлинг не може да игра. Не знам колку време ќе биде надвор. Недела, две… Ќе видиме ден по ден што ќе се случи. Имаме 11 фудбалери. Ерлинг беше многу важен од моментот кога пристигна, тоа е сигурно. Но, во текот на сезоната гледаме слични работи. Повреди, суспензии, проблеми, на кои мора да се прилагодиме. Алварез ќе игра како центарфор“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.