Летната трансфер сага со Езџијан Алиоски завршува. Македонскиот репрезентативец конечно одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера, наскоро треба и официјално да биде промовиран како ново засилување на Галатасарај.
Според „Фанатик“ челниците на клубот и Алиоски ги завршиле преговорите, деталите се прецизирани, а нашиот репрезентативец ставил потпис на договорот. Засега нема повеќе информации околу сумата и должината на соработката.
Галата не беше единствениот турски тим кој беше заинтересиран за македонскиот фудбалер, на неговата адреса имаше понуди од Трабзон и Фенербахче. Алиоски имаше шанса да остане во Премиер-лигата, но одлучи дека е време за нов предизвик.