Мила Рељиќ освои бронзен медал на младинското Европско првенство во Романија!

326

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои бронзен медал на Европско првенство до 21 година, кое се одржуваше во Букурешт, Романија. Рељиќ по 4 тешки борби и три победи над преставнички од Хрватска, Полска и Унгарија, во полуфиналето беше поразена од уште една Унгарка, која доминираше во борбата.

Во првото коло Мила се бореше со Дора Мештровиќ (Хрватска) и оствари победа од 2:1 во рунди. Второ коло за противник ја имаше Дафне Стамоу (Грција) исто така победа 2:1. Потоа во борба за медал со Јулија Шпак (Полска) победа 2:0.

Во полуфинале во борбата со Вивијана Мартон (Унгарија) загуби со 0:2.

Со овој најнов успех Мила Рељиќ покажува дека една од најдобрите спортистки во македонија во олимписките спортови.

ПретходноЕуро Никел се „прошета“ крај Вардар
СледноГајгер победник на скокалницата во Клингентал