Како што известуваат медиуимите во Хрватска, починал Иван Челиковиќ и тоа на само 34 години. Како што е познато тој беше некогашен фудбалер на Шкендија од 2017 до 2018 година и беше член на златната генерација на овој клуб.
Инаку последен клуб каде што Иван Челиковиќ работеше, тоа беше во Академијата на НК Конављанин како тренер, клуб кој ја потврди ужасната вест на своите социјални мрежи.
Покрај Шкендија, некогашниот лев бек играше и за неколку други клубови својата Хрватска.
Иван беше и миленик на навивачите на Шкендија, секогаш максимално професоионален и секогаш даваше и повеќе од своите можности за својот клуб од Тетово, кога играше за “црвено – црните“.