Бешикташ отстрани од тимот пет фудбалери поради лоши игри

917

Фудбалскиот клуб Бешикташ отстрани од тимот пет фудбалери поради лоши игри, соопшти денеска турскиот клуб.

„Винсент Абубакар, Валентин Розиер, Ерик Бејли, Рашид Газел и Жан Онана се отстранети од тимот поради лоши игри и некомпактибилност со остатокот од екипата“, соопшти клубот.

Новиот претседател на клубот Хасан Арат изјави дека е спремен да се раздели со овие играчи во зимскиот преоден рок. По 15 одиграни кола, Бешикташ е петти на табелата со 14 бодови помалку од Фенербахче и Галатасарај.

 

 

ПретходноДва месеци без публика во грчкото фудбалско првенство
СледноМектоминај: Играчите му даваат целосна доверба на Тен Хаг