И повторно Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, остана без едно убаво признание или награда од страна на АТП или поточно фановите на тенисот.
Имено при гласањето за најомилен тенисер за 2023 година, победи Јаник Синер и тоа пред Новак Ѓоковиќ или Карлос Алкараз, што навистина е чудно. Или пак не, ако се знае дека во западниот свет Србинот и не е така омилен како на Балканот на пример.
Имено од 2003 до 2021 година во серија дури 19 пати Роџер Федерер беше гласан за најомилен тенисер во годината, во 2022 година тоа признание отиде кај Рафаел Надалм а оваа година кај Јаник Синер.
Неверојатно.