Во недела на “Максимир“ во Загреб, со почеток од 17:15 часот се игра вечното хрватско дерби меѓу Хајдук и Динамо. Секако за нас е интересно од аспект на тоа дека имаме репрезентативци и во едниот и во другиот тим, Трајковски кај Хајдук а Адеми кај Динамо, Ристовски веќе не е и тоа по негова желба.
Сепак се чини дека “билите“ ќе мораат без Алекс. Последните информации од Сплит велат дека Македонецот сеуште се мачи со повредата на задната ложа и неговиот настап е под голем знак прашалник.
Кога сме кај Трајковски, да кажеме дека по неговото доаѓање во Хајдук, тој за “билите“ забележа 13 настапи, еден гол и една асистенција.
Сепак треба да се каже дека во најголем дел од тие 13 меч тој влегуваше во игра од клупата.