Полувреме: Без голови во “базенот“ во Кратово, Вардар со водство во Гостивар

0

Силекс – Струга ТЛ 0:0 и Арсими – Вардар 0:1 по првите полувремиња од денешните мечеви од 15.коло во ПМФЛ кои започнаа од 12 часот.

Невозможни услови за игра во Кратово, како да се игра на “базен“, а не на фудбалски терен кој е поплавен, а на места и со кал.

И во таквите услови Силекс имаше неколку опасни закани преку Мишов и Џеков, ама гостинскиот голман Василев просто блеска. На другата страна Папе Фал, Агамах и Шабани шутираа кон домашниот голман, ама немаше голови.

На другиот меч, Вардар со голот на Николов, убав шут со глава, во таа 19.минута, на пауза замина со водство од 0:1. Претходно Матиќ реализираше за 0:1, но по интервенција на ВАР собата, истиот беше поништен.

ПретходноУтре во организација на АК Аеродром: Меѓународен крос за пионери 2026