Вардар 1961 го потврди првото место!

191

Познат е комплетниот изглед на табелата во групата Б, а со тоа и позициите и бодовите со кои ќе стартуваат екипите во плеј-офот и плеј-аутот.

Во битката за титулата, Вардар ќе пренесе три бода, Пелистер два, Бутел Скопје еден додека Пролет ниту еден.

Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Голден Арт (32-25), но благодарение на добрата игра во второто полувреме. Претходно „црвено-црните“ беа во негатива, на одморот резултатот беше 13-15. Искуството го реши името на победникот. Со овој пораз Голден Арт оди во плеј-аут лигата каде ќе стартува со три бода.

Своето место во плеј-офот го потврди и Пролет, кој нема да пренесе бодови иако го победи Бутел Скопје со 22-20.

Мулти Есенс во плеј-аут ќе стартува со еден бод, откако го доби дуелот со Вардар Неготино на гостински терен со 23-25. Младите ракометари на дебитантот во ова натпреварување имаа водство од четири гола по првото полувреме, кое пак знаеја како да го задржат и во вторите 30 минути.

Илиески со седум гола беше прв стрелец, шест имаше Димовски. На другата страна Адамовиќ беше стрелец на пет погодоци.

Во единствениот меч од групата А, Охрид беше убедлив против Скопје со 34-24. Со овие бодови се искачи на второто место на табелата, дали ќе остане таму ќе биде познато веќе во сабота кога кавадарчани играат против Алкалоид.

ПретходноСП 2023: Шведска преку Германија обезбеди полуфинале
СледноМагдевски ја реши драмата во Битола