Историја за англискиот фудбал: Ребека ќе биде прва судијка на меч во Премиер лигата!

141

Ребека Велч ќе биде првата жена главен судија на натпревар во англиската Премиер лигата.

Ова во соопштение за медиумите го најави самата лига, во кое се наведува дека 40-годишната судијка ќе биде одговорна за судењето на натпреварот меѓу Фулам и Барнли на 23 декември.

Во минатото, Велч судеше натпревари на ЕП и СП за жени, а имаше и места како четврти судија во Премиер лигата.

Премиер лигата објави и дека Сем Алисон ќе го суди натпреварот меѓу Шефилд Јунајтед и Лутон на 26 декември. Со ова 42-годишниот Англичанец станува првиот црномурест судија кој ќе суди меч во Премиерлигата по пауза од цели 15 години.

ПретходноОва се кандидатите за најубав гол за 2023 година (Видео)
Следно„Сити Парк Бојс“ со предупредување: Сите имате по четири лични (ФОТО)