Како што дознава “СпортСпорт“, напаѓачот на Силекс и еден од најдобрите голгетери во изминатиот есенски дел, Марко Ѓорѓиевски (23) е пред трансфер во Динамо Минск, шампионот на Белорусија.
Клубот од Белорусија веќе испратил официјална понуда до Ѓорѓиевски, сега останува само да се види дали робусниот напаѓач ќе ја прифати или не. Да потсетиме дека до пред две години Ѓорѓиевски беше стандарден член на младинската репрезентација на Македонија до 21 година.
Инаку покрај Силекс, Ѓорѓиевски беше член и на Вардар, Борец, Вождовац, Раднички Пирот, Шкупи и Брера Струмица.