Конечно победа на свој терен: Наполи без Елмас тешко до триумф против Каљари! (ВИДЕО)

138

Далеку потешко од очекувањата, Наполи вечeрва на “Марадона“ под Везув со 2:1 успеа да дојде до победа и до трите бода и тоа против Каљари. Поради повреда во тимот на шампионот не беше Елиф Елмас, а Осимен и Кварацкелија ја донесоа толку посакуваната победа пред домашната публика.

Во супер интересен меч, Осимен во 69.минута донесе водство за еуфорија на трибините, но тоа траеше само три минути зошто Паволети израмни на 1:1.

Но во 75.минута Кварацкелија постигна гол за 2:1, резултат кој се покажа дека е конечен за победа.

Со овие три бода Наполи сега е на 4.место на табелата со 27 бода.

ПретходноВо “македонското дерби“ на Кипар: Тричко со гол, Богатинов со црвен картон! (ВИДЕО)
СледноТиквеш сам си пресуди, „Лозари“ се обидоа да ги нападнат ракометарите на Алкалоид (ВИДЕО)