Денеска од 17:30 часот се игра најголемото дерби во Премиерлигата. На “Енфилд“ се среќаваат Ливерпул и Манчестер Јунајтед. По катастрофалните резултати во последно време Ерик Тен Хаг е пред отказ, тука нема сомневање. Дали ќе го добие по супер – дербито, се разбира ако неговиот тим е поразен или не, останува да се види.
Инаку ако се навратиме малку низ историјата ќе забележиме дека во последната деценија дури за тројца менаџери Ливерпул бил кобен и тие добивале откази директно или индиректно по поразите од “редси“.
Дејвид Мојс на 16 март 2014 година како стратег на Јунајтед доживеал пораз од 0:3 од Ливерпул и потоа бил сменет.
Луи Ван Гал на 10 март 2016 година загубил со 2:0 на гостувањето на „Енфилд“ и нешто подоцна тоа било крај на неговиот престој во Манчестер Јунајтед.
Жозе Мурињо на 16 декември 2018 година бил поразен со 3:1 на гостувањето кај Ливерпул и по два дена се раздели со клубот од “Олд Трафорд“.
Ќе видме како ќе биде денеска.
Само за потсетување. На 5 март оваа година на “Енфилд“, Ливерпул со 7:0 го победи Јунајтед на Тен Хаг. Јасно е дека по една ваква слична ваква катастрофа тогаш Тен Хаг секако дека ќе мора да си оди.