Офанзивниот играч за врска Емил Форсберг го напушта РБ Лајпциг и од 1 јануари ќе биде нов фудбалер на Њујорк Ред Булс во американската МЛС. Швеѓанецот ставил потпис на тригодишен договор со американскиот клуб со опција да биде продолжен на уште една година.
Инаку Форсберг дојде во Лајпциг зимата 2015 година, а тогаш клубот го купи од Малме за 3,7 милиони евра. Тој одигра 324 натпревари за Лајпциг и постигна 71 гол и 68 асистенции.
Два пати го освои Купот на Германија и еднаш Суперкупот на Германија.