Поради конфликт со селекторот: Куртоа нема да брани за Белгија на ЕУРО 2024!

162

Шокантна вест од таборот на селекцијата на Белгија, селекција која важи за една од најсериозните кандидат за висок пласман на претстојното ЕУРО 2024 кое се одржува во Германија во јуни и јули следната година.

Имено Тибо Куртоа, еден од најдобрите голмани во светот и член на Реал Мадрид, најави дека нема намера да го носи дресот на својата селекција на ЕП.

Иако тој сеуште заздравува од тешката операција на лигаментите, сепак и ако биде фит нема да настапи на ова натпреварување.

Причина била, според неговите зборови, селекторот Доменико Тедеско.

Куртиа бил лут на Тедеско дека не му ја дал каптитенската лента на мечот со Австрија ако се знае дека Кевин Де Брујне поради повреда не играше на таа средба.

Куртоа потоа имал состанок со луѓето од Сојузот, директорот Веркаутерен како и самиот селектор. Курта смета дека тој не бил доволно почитуван од сите во Сојузот и репрезентацијата, а посебно бил гневен што сите разговори што ги имал им биле доставени на медиумите и затоа го обвинува токму селекторот.

ПретходноЗошто многумина не го сакаат Ѓоковиќ? Францускиот тенисер даде одговор!
СледноФИБА РЕЈТИНГ: Македонските младинци се 17-ти во Европа