Бадијала заканите: Рускиот фудбалски сојуз нема да ја напушти УЕФА!

372

Како што денеска се известува од руските медиуми, раководството на Рускиот фудбалски сојуз одлучило по пат на гласање да не се пресели од УЕФА во Азиската фудбалска федерација. Значи бадијала заканите кои доаѓаат од Русија во изминатите месеци откако УЕФА и ФИФА го суспендираа рускиот фудбал и настапите на клубовите и репрезентациите во европските натшреварувања.

Оваа одлука на УЕФА и ФИФА беше донесена по агресијата на Русија врз Украина.

Расправавме за ова прашање, сепак едногласно одлучивме да не се селиме во Азиската федерација, зошто нема гаранции од ФИФА. Решивме да ги продолжиме контактите со УЕФА, посебно ако се знае дека има напредок во тие разговори, ќе видиме како ќе се одвиваат работите следната година“ изјави Александар Дјуков, првиот човек на РФС.

ПретходноАрсенал го пронајде идеалниот играч, меѓутоа чини 100 милиони евра
СледноХаланд спортска личност на годината, пред Ѓоковиќ и Ферстапен