Нашата голема надеж, Јана Атанасовска (17), го подобри сопствениот рекорд од минатата сезона и запиша нов најдобар успех во историјата на македонското женско скијање.
Таа на првата #FIS слалом трка на 18 декември во Хохфуген (Австрија) освои 51.70 FIS точки со кои постави најдобар личен успех во досегашната скијачка кариера, а во второто возење заостана само 0,33 стотинки зад првопласираната Ноа Сзолос, која е учесник на Европскиот и Светскиот куп.
Додека пак, на трката одржана на 20 декември успеа да освои 47.90 FIS точки кои нејзиното име го запишаа со златни букви во историјата на македонското женско скијање. Второто возење од истата трка го заврши со задоцнување од само 1,02 секунди после американката Лила Лапања, која е натпреварувач на Европскиот и Светскиот куп.