Вчера на “Енфилд“ спектакл. Ливерпул и Арсенал одиграа 1:1, иако според шансите можеше да се случи и едниот и другиот тим да дојдат до победата. Вака станува уште поинтересно на табелата во Премиерлигата.
Арсенал по 18.коло е прв со 40 бода, следат Ливерпул и Астон Вила со по 39, Тотенхем има 36 а Манчестер Сити 34, но и меч помалку.
По завршување на дербито, кога се поздравуваа, менаџерот на “редси“ Јирген Клоп имаше посебна порака за својот колега од спротивниот табор и тоа од само три збора:
„Wow, wow, wow“ со ова тој сакаше да каже колку е силен Арсенал и дека имало одличен меч.
Подоцна кога даваше изјава за медиумите, Германецот истакна:
“Господе, колку е силен Арсенал. Но, добра вест е дека ние исто така бевме силни. Манчестер Сити е многу добар, но Арсенал е едно ниво погоре. А ние ќе се потрудиме да држиме чекор со тимот на Артета“ посочи Клоп.