Специа со двегодишна забрана за трансфери

210

Членот на Серија А, екипата на Специа е ригорозно казнета од страна на ФИФА,а казната е потврдена и од страна на меѓународната спортска арбитража во Лозана, за нелегална работа при трансфер на малолетни играчи.

ФИФА одлучи овој клуб да нема право на нови трансфери во следните две години. Со тоа клубот речиси е ставен пред свршен чин односно е осуден две сезони да игра со истите играчи. Специа и минатата сезона едвај обезбеди опстанок освојувајќи вкупно 39. бода.

Слична ситуација имаше и тимот на Челзи кој беше казнет исто така со забрана за трансфери но клубот од Лондон имаше сериозен ростер при донесувањето на одлуката од страна на ФИФА, па тој период го преживеа далеку полесно.

 

ПретходноЏака на пат за Рим
СледноФилип Ивановски нов член на Еурофарм Пелистер