Некогашниот играч на тимот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Атлетико Мадрид.
Дејли Меил објавува дека Лингард, кој минатата сезона ја мина во дресот на Вест Хем и влезе во солидна форма, е мета на тимот од Мадрид, кој се обидува да го рекомпонира нападот. Тој во Вест Хем беше на позајмица, и откупувањето сепак, ќе мора да оди преку Олд Трафорд.