Работнички убедлив против Тиквеш, победа и за МКК Куманово (ФОТО)

64

Втор меч сезонава за гигантот од Градски парк во домашната кошаркарска елитна лига и втора победа. Вечерва на свој терен, пред своите фанови, Работнички и повеќе од убедливо славеше против Тиквеш со 86:70.

Во текот на целиот меч Работнички беше тој што ги диктираше настаните на теренот. Уште на стартот покажа кој е кој во овој меч, брзо си набилда предност и до крајот не ја испушташе.

Првата четвртина ја доби со 19:12, втората со 30:14 и тука беше се готово од овој меч. До крајот беше само рутинско одработување на работата што се вели. Гостите во последната фаза успеаја само да ја ублажат разликата.

Репрезентативецит Ефремовски со 21 поени беше бр.1 во победничкиот состав, додека кај гостите Волф запиша два поени.

Дали по оваа втора победа сезонава Работнички дава знаци дека се “буди“?No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

Во исто време во Куманово играа домашната екипа на МКК Куманово и Штип. И тука победи домашниот тим со 70:59, но потешко од очекувањата. Посебно ако се знае дека во првата фаза од средбата, Штип имаше предност од +5 поени со која замина на одмор.

Сепак во продолжение од средбата, фаворитот покажа сила, заигра како што треба и успеа да победи и да дојде до првата сезонска победа.

Ѓуроски со 16 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека кај гостите Хамилтон запиша 21 поени.

ПретходноПреседан: ФИФА го одложува СП 2034?!
СледноГРК Охрид го сопре Алкалоид, Вардар остана перфектен!