Ништо од Бразил и преземање на селекторската функција. Карло Анчелоти и по завршувањето на оваа сезона останува на клупата на Реал Мадрид. Како што пренесуваат денеска медиумите во Шпанија потписот на новиот договор ќе следува овие денови и ќе трае до јуни 2025 година.
Анчелоти го информирал своето семејство за оваа негова одлука, дека сака да остане во Мадрид, а Перез ги информирал своите соработници дека Италијанецот останува најмалку уште една година, до јуни 2025, под истите услови.