Виртус ја доби драмата во Белград, Фенер победи во турското дерби

94

Трет последователен пораз за екипата на Партизан во Евролигата, откако на домашен терен во драматична завршница беа поразени од Виртус од 77:75.

Гостите ја однесоа дванаесетта победа и се зацврстија на второто место во поредокот. Партизан вечерва беше ослабен бидејќи покрај Аврамовиќ и Трифуновиќ, недостигаше и Смаилагиќ, исто така поради повреда.

Виртус уште од самиот почеток играше цврсто и агресивно во одбраната, па на крајот се радуваше на многу важна победа.

Нанели со 19 поени, Јарамаз постигна 12 беа најефикасни кај домашните, додека Лундберг со 16 поени го предводеше Виртус до победата.

Претходно, Фенербахче го доби турското дерби со Анадолу ефес победувајќи како гостинс о 89:84.

ПретходноЧелзи нема проблем да го продаде Галагер за 55 милиони евра
СледноБарса ја загуби битката за Ечивери, на крајот Џирона ќе биде во „ќар“