Има договор, Јетон Беќири е новиот тренер на Шкендија. Тој е наследникот на Ардијан Нухиу кој со тетовските “црвено – црни“ и покрај буџетот на клубот од 3,2 милиони евра речиси и да не направи ништо значајно.
Како што велат нашите проверени информации од Тетово, Беќири ја раскинал соработката со клубот од С. Арабија и после новогодишните празници ќе следува и официјална промоција, веројатно во вторник или среда.
Да потсетиме дека Беќири, иако релативно млад, успеа да се наметне како еден од нашите најдобри стратези. Беше во минатото двапати како В.Д.тренер во Шкендија, претходно ја внесе Дрита од Боговиње во ПМФЛ, тоа истото го направи и со Струга ТЛ. Има работено и во Ренова, потоа во Косово и во Албанија.
Интересно, тој во Фљамуртари му беше прв асистент на Шпетим Дуро, сегашниот стратег на Струга ТЛ со кого напролет ќе води битка за титулата во ПМФЛ. Секако дека тука е и Шкупи.
Инаку по отказот на кој Шкендија му го врачи на Нухиу, раководството на тетовци беше во преговори со Оргес Шехи, стратег од Албанија, како и со наши тренери, но изборот падна на Јетон Беќири и се чини дека ова е вистинска одлука.