Новак експресно до триумф против Жанг, Србија поведе со 1:0 на „Јунајтед Купот“!

154

Србија поведе со 1:0 против Кина на “Јунајтед Купот“ во Австралија, кој се игра како подготовка за претстијниот АО. Водството на Србија го донесе Новак Ѓоковиќ со победата против Жанг од 2:0 во сетови тоа со 6:3 и 6:2.

Најдобриот тенисер во историјата немаше никакви проблеми, во првиот сет не дозволи ниту еден брејк на Кинезот кој е рангиран на 58.место на АТП листата, а во вториот поведе со 4:0 и се беше решено кога станува збор за овој меч.

ПретходноФК Вардар: Му благодариме на градот Скопје за финансиската помош!
СледноДа се потсетиме: Магичните голови на Елмас и Барди со Украина и Италија! (ВИДЕО)