Српскиот напаѓач Милан Ѓокиќ е најновото засилување во редовите на Брегалница. Станува збор за напаѓач кој има 23 години и доаѓа од Бачка Топола од Србија. Ѓокиќ досега играл и за екипите на Спартак Суботица, Златибор, а Брегалница му е прв интернационален предизвик.
Инаку досега Брегалница сосема солидно пазареше на трансфер – пазарот ова лето. Пред да потпише со Ѓокиќ, штипските “сини“ успеаја да донесат неколку квалитетни играчи како Даниел Мојсов, Бугаринот Иван Минчев, Бобан Георгиев, Стефан Коцев, потоа Хрватот Антонио Азиновиќ.