Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бeк, остатокот од сезоната 2023/24 ќе го помине во Германија.
26-годишниот холандски репрезентативец помина фрустрирачки период во Манчестер Јунајтед по долгоочекуваниот трансфер од 35 милиони фунти од тимот на Ајакс во летото 2020 година.
Севкупно, забележа само 35 настапи во Премиер лигата во три сезони. По долго исчекување, играчот од средниот ред му се приклучи на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт на шестмесечна позајмица.
Франкфурт не само што ќе плати провизија за заемот и поголемиот дел од платите на Ван де Бек, туку договорот ќе вклучува опција за откуп вредна 9,5 милиони фунти плус 2,6 милиони фунти како бонуси.










