Ѓоковиќ поразен, на Србија и треба чудо за полуфинале

476

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го запиша првиот пораз во оваа 2024 година. Тој на Јунајтед Купот беше совладан од Алекс Де Минар со 2-0 по сетови 6-4, 6-4.

Новак Ѓоковиќ се мачеше со повреда, а тоа го искористи неговиот ривал. Практично од осмиот натпревар на овој натпревар не беше вистинскиот Ѓоковиќ и сега на Србија и треба вистинско чудо за да се пласира во полуфиналето.

Интересно, ова е прв пораз на Новак Ѓоковиќ во Австралија откако таму победи на 43 натпревари на различни турнири и натпреварувања. Неговиот последен пораз пред ова беше пред шест години.

Сега зависи од мечот на Ајла Томјановиќ и Наталија Стевановиќ, а потоа доколку мине како што треба оваа средба, следи микс дабл, но таму Новак ќе го нема поради повредата на раката која го мачеше и вчера.

ПретходноХрватските ракометари порачаа: Не сакаме да не викате „каубојци“
СледноБарса се ослободи од него во 2021 година, сега ќе биде продаден за 60 милиони евра