Кобајаши без ниту една победа ја освои турнејата „Четири скокалници“

837

Јапонецот ја освои новогодишната турнеја во четири скокалници и покрај тоа што не оствари ниту една победа.

Рјоју Кобајаши стана вториот во историјата кој успеал да ја освои новогодишната турнеја без да запише триумф, четири пати беше втор на подиумот. Пред 25 години во 1998/99 ова му успеа на легендарниот Финец, Јане Ахонен.

Кобајаши на скокалницата во Бишосхофен го освои второто место со сковите од 137 и 139 метри, кои му донесоа 287,6 поени. Штефан Крафт го освои првото место со сковите од 136,5 и 140 метри, тој  освои 288,9 поени. Со денешната победа Крафт дојде до третото место во вкупниот пласман.

Третото место на последниот натпревар на Новогодишната турнеја го освои Словенецот Анже Ланишек со сковите од 134,5 и 141 метри.

Во вкупниот пласман меѓу Кобајаши и Крафт го освои Германецот Андреас Велингер.

ПретходноДарко Велковски промовиран во Динамо Букурешт (ВИДЕО)
СледноРоманскиот гигант го посакувал Стефан Ристовски!