Тим од Карибите помина 7000 км и изгуби со 0:12 во Купот на Франција

1312

Овој викенд се играат натпревари од 1/32 финалето на Купот на Франција. Многу тимови од прекуокеански држави учествуваат во Купот, а меѓу нив беше и Голден Лајон од островот Мартиник на Карибите. Мартиник е француска прекуморска островска територија во источниот дел на Карипско море, околу 450 км североисточно од брегот на Јужна Америка.

Тие играа со Лил од елитната француска лига. Мечот се играше во Франција, а тимот на Голден Лајон помина повеќе од 7000 километри за да стигне на стадионот и го изгуби мечот со резултат 0:12.
Треба да се напомене дека ова е највисоката победа на Лил во својата историја.

ПретходноКадетите против Косово по заверка на билетот за ЕХФ ЕП
СледноНадал го откажа настапот на Австралија опен