Ѓорческа ja дозна ривалката на Австралија опен

366

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја дозна противничката во првото квалификациско коло на Австралија Опен во Мелбурн. Таа ќе настапи против полската тенисерка Катарзина Кава. Мечот ќе се игра во вторник.
Ѓорческа оваа сезона се надева на настап на сите четири Гренд слем турнири и да го подобри својот најдобар ранкинг во кариерата. Тоа беше 170 место во јуни 2017 година.
Моментално Лина е на 212 место на ВТА ранг листата. А нејзината противничка на АО, Кава е на 115 место. Тоа е прв меѓусебен дуел.

ПретходноНадал го откажа настапот на Австралија опен
СледноХоливудски суперстар е дизајнерот на новиот дрес на клуб од Премиерлигата! (ФОТО)