Франција со дрим-тим на мегдан со Македонија

877

Селекторот на француската ракометна репрезентација, Гилјом Жил го објави финалниот список за ЕП 2024. Актуелниот олимписки првак ќе отвори токму против македонската селекција на 10 јануари во Дизелдорф.

Франција во Германија доаѓа со дрим-тим, и токму затоа е еден од главните фаворити за освојување на златниот медал. Во составот ќе биде Никола Карабтиќ кој ќе го игра последното европско во дресот на својата земја. Покрај него на теренот ќе ги видиме Дика  Мем, Мелвин Ричардсон, Фабрегас, Мае…

Во последниот филтер, предводникот на Франција мораше да избрише бековите на Нант Омерик Мин и Тибо Брие, кои исто така се врвни играчи. Покрај овие двајца ракометари, засега од списокот отпаѓа и крилото Јанис Лене, поради повреда. На неговото место е повикан Беноа Конку од екипата на Келце.

ПретходноБејтулаи си замина од Гњилане!
СледноКадетите со убедлива партија против Косово го заверија пласманот на ЕП!