Македонската ракометна репрезентација веќе е во Дизелдорф, првата станица на Европското првенство кое од 10. до 28. јануари ќе се одржи во Германија.
Кирил Лазаров и неговите избраници ќе бидат дел од историја, првиот меч ќе го играат на 10. јануари на стадионот „Меркур Шпил Арена“ пред повеќе од 50.000 навивачи.
Нашите ракометари денеска го одржаа првиот тренинг на германско тло, утре ќе имаат можност да го почувствуваат теренот на стадионот.