Милан го потврди трансферот на 20-годишниот крилен играч Филипо Терачано од редовите на Верона. Младиот фудбалер потпиша договор со летото 2028 година и ќе го носи дресот со број 38.
Целиот пакет изнесува пет милиони евра, од кои четири како отштета и еден милион во форма на бонуси. На Верона ќе и припаднат 10% од сумата при следната продажба на играчот.
Терачано играше на сите натпревари за Верона оваа сезона во Серија А, а на 14 беше стартер.
Истовреметно „Росонерите“ ќе продадат дел од играчите. Прв на заминување е играчот од средниот ред Раде Круниќ кој за пет милиони евра ќе оди во Фенербахче. Босанецот е во Милан од 2019 година и досега одигра преку 100 натпревари за „Росонерите“.
Милан пикирал неколку играчи како потенцијални замениви на Круниќ, тоа се играчот на Бетис, Гуидо Родригез, потоа Самуел Ричи од Торино и Лукас Тореира, кој е екс-играч на Фиорентина, Сампдорија и играч на Арсенал кој е на позајмица во Галатасарај.