СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева
Чест е да се биде дел од историјата која ќе биде испишана утре во Дизелдорф. Навистина стадионот изгледа фасцинантно, се прават последните подготовки за утрешниот спектакл на кој секој Германец е горд.
Токму од оваа историја ќе биде и македонската ракометна репрезентација. Кирил Лазаров и неговите момци ќе играат против Франција пред повеќе од 50.000 навивачи.
„Црвено-жолтите“ денеска го одбработија првиот тренинг на стадионот „Меркур Шпил Арена“. И тие како нас беа воодушевени од она што ги дочека.